Џулијан Пилјејтс, шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија. Македонија има капацитети за фер избори

На претходните избори бевме сведоци на бројни инциденти, а во текот на мината година во земјава имавме криза. со оглед на ова според ОБСЕ кои се чувстилените избирачки места?

Ние имаме голема мисија која треба да се распореди на барање на владата. Ние само што пристагнавме во вашата земја. Триесетте долгорочни набљудувачи се распоредени на теренот денеска, што значи дека тие сега започнуваат да работат и поради тоа ни треба малку време за да дадеме генерална оценка.

Во тој случај кога може да очекуваме проценка за овие места?

Па мислам дека вашата проценка е добра односно иста како и нашата, бидејќи мислам дека чувствителните места може да се појават во секое време. Во оваа фаза сме резервирани во оценувањето, но ќе спроведеме конвенционално набљудување, дисциплиниарно и во детаљи. Ќе ги набљудуваме сите аспекти на предизборната кампања - однесувањето на политичките партии, на државната изборна комисија, како и на сите кои имаат улога во целиот изборен процес

Планирате ли на местата кои вашите луге задолжени за снимање на теренот ќе ги оценат како критични, да поставите набљудувачи во текот на целиот изборен ден?

Очекуваме да се распоредат околу 750 набљудувачи и ова е многу значаен факт. Јас верувам дека оваа бројка е доволна за да овозможи покривање на целата територија. Но, треба да се има предвид дека има 2975 избирачки места и никој не може да биде на две места истовремено. Нема потреба да има набљудувачи на сите избирачки места во секој момент на гласањето. Ние само сакаме да кажеме дека ние имаме луѓе кои набњудуваат се, а тоа вклучува и мобилни тимови. Треба да видиме како ќе се развива предизборната кампања за да ги направиме финалните планови за денот на гласањето. Ние секако ќе имаме луге кои ќе бидат во можност да ги покријат посебните места.

Очекувате ли претстојните парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера?

Ние не се сомневаме дека земјава има технички и административен капацитет да спроведе добри избори. Не се сомневаме ниту во нејзиниот демократски капацитет. Станува збор за демократска зрелост и колективна политичка волја и ние сакаме сите што се во овој процес вклучувајќи ги и граѓаните да придонесат за фер избори, бидејќи ние само сакаме нашиот процес на набљудување да ја доведе земјава до посветла и попросперитена демократска иднина.