Војводина: Жалење за синоќешниот инцидент на Дунав

Претседателот на Извршниот совет на Војводина Ѓорѓе Ѓукиќ изјави дека југословенската страна изразила жалење за вчерашниот инцидент на границата со Хрватска, на Дунав кај Бачка Паланка. Ѓукиќ, кој учествуваше на разговорите меѓу југословенскиот шеф на дипломатијата Горан Свилановиќ и хрватскиот премиер Ивица Рачан, изјави дека не била почитувана процедурата и оти југословенската војска не била известена дека хрватска делегација на локалните власти преку Дунав ќе помине во Бачка Паланка.