Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов, на крајот од посетата на Северена Кореа, изјави дека Пјонг Јанг е подготвен на безусловен конструктивен дијалог со Соединетите Држави и со Јапонија околу поделениот кореански полуостров. Според агенциите, Иванов на северено-кореанскиот лидер Ким Јонг Ил му предал пораки од рускиот претседател Путин и од јужно-кореанскиот Ким Дае Јунг, но детали не се соопштени.