Ирак: Русија против воена интервенција, но за враќање на инспекторите

Русија е против идејата за воена интервенција врз Ирак, но смета дека земјата треба да прифати враќање на инспекторите на Обединетите Нации. Ова денеска во Багдад го изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Султанов. Одбивањето на ирачките власти да дозволат враќање на инспекторите на Светската организација резултираа со закани на американскиот председател Буш за воена интервенција врз Ирак.