Полицијата во јужна Србија заплени големо количество оружје во куќа на еден Албанец во село Доброшин, на административната линија со Косово. Станува збор за откривање најголемо количество муниција, мини, ракети и бомби, по прекинот на судирите во јужна Србија минатата година. Село Доброшин во тоа време се сметаше за седиште на илегалната Ослободителна Војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓа.