Иран: Обвинување дека САД го водат светот кон војна

Иранскиот претседател Мохамед Катами за време на посетата на Малезија ги обвини Соединетите држави дека го водат светот кон војна. Катами изјави дека тероризмот е опасен феномен но дека американската администрација не им служи ниту на интересите на своите граѓани со промовирањето на военото решение не проблемот. Според Иранскиот претседател, на ирачкиот народ е да решава за своето раководство, и дека не треба никој да се меша од надвор во внатрешните работи на таа земја. Вашингтон го именуваше Иран, покрај Ирак и Северна Кореја како дел од оската на злото.