Њујорк: Состанок за блиско-источната криза

Русија нема намера на денешниот сосотанок за блиско-источната криза да ја разгледува судбината на палестинскиот лидер Јасер Арафат кого Соединетите Држави сакаат да го исклучат од мировниот процес, изјави рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов. Тоа прашање не е во надлежност на четворката, туку на палестинскиот народ, рече Иванов по пристигнувањето во Њујорк каде во текот на денот треба да започне состанокот на четрите клучни преговарачи за блиско-источната криза, Соединетите Американски Држави, Русија, Европската Унија и Обединетите Нации.