Кина: Посета на Џек Строу

Британскиот министер за надворешни работи Џек Строу пристигна денеска во дводневна посета на Кина за време на која со домаќините ќе разговара околу соработката на безбедносен план. Строу ќе се сретне со кинескиот претседател Џијан Цемин, потпретседателот на владата Чиан Чичен и министерот за надворешни работи Танг Џијасуан.