Владиката Јован кој со одлука на синодот е разрешен од должноста архиереј на велешката епархија поради тоа што одби да се покае, доцна попладнево принудно од Велес беше упатен да замине во неготинскиот манастир што синодот му го одреди како место за богослужење. Неговото протерување од велешката епархија беше проследено со силни овации на велешани со силно полициско обезбедување. Јован по пристигнувањето во манастирот заедно со неколкумина негови следбеници за Радио Слободна Европа изјави:
„Одлуката нема никаква основа. Тоа е чисто политичка одлука. Црквата подлегна на политички притисок и донесе политичка одлука тоа не е црковна одлука.“
Јован не негираше дека полицијата која асистирала при неговото заминување од епархијата ги пречекорила своите овластувања.
„Крајно сум револтиран од односот, сите човекови права ми се загрозени и сметам дека ова е за хашки трибунал, ако не за Хашки трибунал, тогаш за судот во Стразбур сигурно.“
Јован рече дека нема да се покае и каде и да биде ќе го брани ставот за канонско единство со православните цркви. Дека Јован нема да се покае ниту во манастирот претпоставува и синодот чии претставници претпладне пристигнаа во велешката епархија за да го разрешат Јован и управувањето да му го примопредадат на синодот.
„Светиот архиерејски синод на МПЦ досегашниот митрополит повардарски господин Јован го разрешува од должноста епархиски архиереј на повардарската епархија поради тоа што тој со едностраното приклучување во архиерејското општење и канонско единство со СПЦ го наруши, прекрши и погази даденото архиепископско исповедание и заклетва со кое се обврзува да го чува единството и уставот на МПЦ,“ – рече прота Јован Постолски по примопредавањето на архиерејската должност.
Процесот започна претпладне со претходно обивање на бравата на вратата на зградата на велешката епархија од страна на стручни лица, откако Јован кој беше внатре одби да отклучи. По ова следуваше средба на митрополитите Тимотеј и Агатангел со Јован во присуство на полицијата.
Многумина велешани кои беа собрани пред епархијата за да го дочекаат заминувањето на Јован го испратија со скандирања. Според синодот доколку Јован во манастирската келија не се покае за поединечната одлука за канонско единство со другите православни цркви за 30 дена тогаш не е исклучено тој да биде расчинет што значи негово враќање во световниот свет како најстрога казна во црквата.