Загреб: Премиерот Ивица Рачан поднесе оставка

Хрватскиот премиер Ивица Рачан денеска поднесе оставка на функцијата по длабоката криза во владината коалиција што резултираше со напуштање на втората по ред партија Социјал-либералите на Дражен Будиша. Според хрватскиот устав, шефот на државата Стипе Месиќ ќе го именува новиот мандатор, најверојатно повторно Рачан чија партија има најмногу пратеници во Хрватскиот сабор.