Четворица палестински полицајци се убиени изутрината во вооружените пресметки со израелската војска која подржана од тенкови влезе во Хеброн, изјавија палестински безбедносни извори . Израелската војска држи повеќе од 100 полициајци во управната зграда во Хеброн , изјави изворот кој додаде дека десетина тенкови и оклопни возила се распоредиле по улиците на градот . Израел соопшти дека во Хеброн откриена е голема фабрика за бомби , во која се пронајдени и значителен број на ремени за бомби кои ги користат бомбашите самоубијци.