Мисија на Обединетите Нации денеска замина за Иран за да ги испита штетите и потребната помош по вчерашниот силен земјотрес во кој загинаа околу 500 луѓе. Неколку земји веќе понудија помош за санирање на штетите и за семејствата на жртвите. Американскиот претседател Џорџ Буш исто така понуди хуманитарна помош за Иран. Тој рече дека човечкото страдање не познава политички граници.