Повеќето американци веруваат дека Осама Бин Ладен сеуште е жив. Според заклучоците од анкетата која ја спроведоа магазинот Тајм и телевизиската мрежа СИ ЕН ЕН, 78 насто од испитаниците мислат дека Бин Ладен е жив. Само 23 насто сметат дека воената операција во Авганистан е успешна, додека во јануари оваа година истото го мислеа 48 насто од анкетираните граѓани.