Утре во Ромаското пристаниште Констанца ќе запоне двонеделна вежба на НАТО и земјите на Партнерството за Мир. Вежбата, како што е соопштено во Париз, има за цел да ги промовира транспарентноста и соработката меѓу алијансата и земјите кои не се членки, како и демократизацијата на армиските сили во рамките на Партнерството за Мир.