Европската агенција за реконструкција, за сега нема официјален коментар на обвинунавањата од владата за нетранспарентност во работењето. Тврдењата дека од донаторската помош се потрошени 53 милиони евра, од кои 40 милиони директно за обнова на оштетените куќи без контрола на македонската влада зачудуваат, велат од агенцијата; Имено владиниот портпарол Ѓорѓи Трендафилов по седницата на владата рече:
„Целиот процес се одвива без никаква тендерска документација и подготовка која е на било кој начин транспарентна и достапна не само на македонската јавност, туку и на институциите на Република Македонија.“
Во очекување на официјално известување за сомневањата на владата во работата и трошењето на донаторските средства во од европската агенција со став:
Редовно праќаме извештаи до македонската влада, до комитетот за обнова и реконструкција. Исто така имаме огромен број внатрешни контроли и проверки во рамките на Европската Унија. Буквално имавме стотици состаноци со владата. Нашите проекти континуирано им се доставуваат. Тендерската процедура одамна е започната. Ништо не е направено без консултации со македонските министерства, било да е тоа министерство за транспорт или земјоделство. Едноставно, работиме со сите министерства во земјава , велат од европската агенција за реконструкција. Од таму и информацијата за обновени вкупно 960 куќи од сите категории. Во мометнов велат во агенцијата до Европската комисија и до македонската влада е поднесен предлог за нова помош во висина од 3,6 милиони евра.