Oбјавувањето на Вашингтон дека пред еден месец успеал да ги осуети плановите на Ал Каида за напад со таканаречена валкана бомба ги поткрепи сценаријата дека терористите би можеле да предизвикаат катастрофа во светот.
Таканаречената валкана бомба е примитивно оружје – конвенционален експлозив во мал контејнер со плутониум или ураниум што не ни мора да бидат подготвени како нуклеарно оружје. Кога ваквата направа ќе експлодира, се ослободува висока радијација на релативно мал простор. Но за колкав простор станува збор може да послужи примерот со Њујорк. Имено, доколку ваквата бомба е активирана во тој град тогаш цел еден негов кварт како Менхетен би можело да биде опфатен со последиците што таа ќе ги остави. Арџун Макијани – претседател на американскиот институт за енергетика и развој кој е и нуклеарен експерт вели:
Вие можете повеќе на тоа да гледате како на хемиско оружје каде што отровните материјали би можело да предизвикаат зарази, канцерогени заболувања, евакуација. Не станува збор за нуклерано оружје кое потполно разурнува цели подрачја.
вели Макијани, додавајќи дека во ваков случај зградите не би биле уништени, но оти просторот ќе остане контамиран со децении. Тоа, како што вели тој, ќе значи дека повеќето од луѓето што ќе бидат подложени на радијацијата ќе умрат од рак и оти економските штети ќе бидат непроценливи. Неколку земји имаат произведено вакви радиоактивни генератори полни со стронциум 90 или плутониум 238. Тие се високо успешни, компактни и можат да траат со години. Нив, например, Соединетите Држави ги користат како извор на енергија во вселенските сателити. Но, во поранешниот Советски Сојуз овие генератори беа употребувани за енергија во светилниците и во комуникациски кули. По распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 – ва година повеќето од овие објекти беа напуштени.
Ние веруваме дека таму постојат над илјада парчиња. Имаме нкои сознанија за примери дека тие се оставени во старите советски воени бази во новите независни земји.
вели Мелиса Флеминг експерт во Меѓународната агенција за атомска енергија која сепак додава дека оваа агенција нема сигурни податоци каде точно би можело да се наоѓаат ваквите нуклерани батерии.
Ние бараме соработка со руските власти со цел да помогнат во идентификацијата на местата и тие се коопретивни. Еден од проблемите е тоа што некои од местата одамна се напуштени и станаа цел на крадците на метал.
вели Флеминг. Според неа, радиоактивни генератори од поранешната советска територија лесно би можело да дојдат до рацете на терористите кои би ги искористиле за производство на таканаречени валкани бомби.