Стотици милиони муслимани низ целиот свет го започнаа светиот месец Рамазан под строги ограничувања за да се спречи ширењето на коронавирусот. Некои земји дури и ги повикуваат своите граѓани да не постат за да можат да останат здрави и покрај пандемијата. Властите и верските заедници и во Македонија ги повикаа своите верници да го поминат Рамазан во кругот на своето најблиско семејство, како една од мерките за заштита од коронавирусот.