Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Низ фотографии: Годините на Елцин

1
Рускиот претседател Борис Елцин пречекан со традиционална понуда леб и сол при посетата на Краснојарск во јули 1994 година.

2
Елцин (десно) седи со американскиот претседател Бил Клинтон во Хајд Парк, Њујорк, во октомври 1995 година.

3
Елцин руча со Минтимер Шаимиев, претседателот на Татарстан, во август 1994 година.
Тие седат на брегот на реката Волга додека го чекаат нивниот брод за крстарење.
Овие слики се направени од официјални фотографи од Елцин помеѓу 10 јули 1991 година, денот кога започна претседателството на Елцин и 31 декември 1999 година, кога Елцин му ја предаде власта на Владимир Путин.
Фотографиите се само дел од илјадниците слики што се чуваат во архивата на Претседателскиот центар „Борис Елцин“, музеј и културен центар, отворен во Екатеринбург во 2015 година.

4
Елцин со јужноафриканскиот претседател Нелсон Мандела во Њујорк за време на прославата по повод 50-годишнината од Обединетите нации во октомври 1995 година.