Уништувањата во ослободениот Херсон
Престои многу работа за санирање на уништениот Херсон, од кој се повлекоа руските сили. Ќе биде потребно подолго време за животот да се врати во нормала.

1
Ова се остатоците од Меѓународниот аеродром во Херсон. Беше завземен од руските сили една недела по инвазијата врз Украина, која започна на 24-ти февруари 2022-ра.

2
Остатоци од еден од најмодерните руски радари, во близина на аеродромот во Херсон. Во околината беа уништени и неколку руски хеликоптери, а Киев тврди дека таму загинале и двајца руски генерали.

3
Вака изгледаше аеродромот пред војната. Од Херсон се леташе кон Турција и кон Киев.

4
Уништен ховицер кај аеродромот во Херсон.