Украинската блогерка Злебова - Ужасот во Киев и животот во Скопје
По долго патување од родниот Киев до повеќе локации низ Европа, 31-годишната украинската видео блогерка Јанина Злебова се засолни во Скопје. Тука е веќе три месеци, но не го заборавила звукот на бомбите дома. Со семејството во Киев комуницира само кога имаат струја. Ни раскажа за ужасите во Украина и животот во Македонија.