Достапни линкови

Трошановски: Уставните измени најголем предизвик во 2023-та


Марко Трошановски
Марко Трошановски

На политички план оваа година најголем предизвик ќе бидат уставните измени и предвремените избори, вели претседателот на Институтот за демократија Социетас Цивилис, Марко Трошановски во разговор за РСЕ. Според него, изборите не се неминовни, но, притисокот врз Владата за нивно распишување ќе расте.

Трошановски кои ќе бидат предизвиците на политички план во оваа 2023 година во земјава?

Она што е најважно на политички план, секако е внесување на Бугарите во Уставот. Нешто што до октомври, ноември оваа година треба да го направиме. Во спротивно нема да продолжиме со преговорите со ЕУ и има опасност од одвојување од Албанија, што секако е многу лошо сценарио за нас. Мислам дека тоа е главниот предизвик на државата и второто се разбира е предвремените избори. Пред неколку недели изјавата на Беса дека ги условува уставните измени со предвремени избори е нешто што се повеќе добива на тежина, како такво. Гледаме дека и останатите партии, дури и ВМРО-ДПМНЕ имаше такви изјави во таа насока дека прво треба предвремени избори. Тој притисок ќе се зголемува секако. Зимава ќе биде тешка на секој план, финансиски и економски. Енергетската криза исто така ќе се продлабочува. Така што тоа е она што како предизвик останува.

Колку според досегашните сигнали од политичките партии може да дојде до усвојување на уставните измени?

Како што е сега вака ситуацијата. Ова статус - кво да речеме. Очигледно не одиме кон усвојување на уставните измени во догледен период доколку некакви концесии не се направат. Мислам дека факторот предвремени избори, како и онаа национална платформа, која што повеќе време се заговара од сите страни и од сите чинители, некаква заедничка програма врз основа на која би се базирал идниот развој на државата, ако се усогласи и усвои, мислам дека на тој начин би се зголемиле шансите за да имаме договор околу уставните измени со влез на Бугарите во Уставот.

Трошановски: Ќе расте притисокот за предвремени избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:23 0:00
Директен линк

Значи според тебе, без разлика на епилогот од уставните измени, предвремените избори се неминовни?

Не велам дека се неминовни. Владата неколку пати потенцираше дека нема да се случат. Меѓутоа таквиот притисок се повеќе ќе расте, како и целокупната конјуктура значи, соодносот на кризи кои што ќе се насоберат во тој период, мислам дека ќе го зголеми значително повеќе притисокот отколку минатата година.

Дали имаш некакво предвидување кој би можел да победи на изборите, ако ги земеме в предвид моменталните состојби во државата?

Очигледно според истражувањата ВМРО-ДПМНЕ е во предност. Тоа е така. Меѓутоа да видиме, да одлежат прво фрустрациите, гневот кај јавноста која што се собра ова лето од преговарачката рамка и сл. Ако се покаже одредена ефикасност во делот на борба против корупцијата и луѓе завршат конечно зад решетки и слично, тоа може да ги промени очекувањата и само на тој начин всушност мислам дека може да се смени на некој начин јавното мислење, бидејќи е сепак далеку од какви и да се изборни периоди, она што е досега измерено до периодот кога би имале избори. Има време да се променат тие трендови во периодот само ако се покаже ефектот од залагањата и декларациите од борбата против корупцијата. Секако економскиот статус ќе влијае тука и ќе влече цело време надоле во смисла на незадоволство од Владата од насоката во која се движи државата и слично. Меѓутоа во оваа димензија која што им е многу важна на луѓето и второ рангирана после економската благосостојба, вработеноста и економскиот статус, тука ако се покажат резултати може и да се сменат соодносите и тоа да го промени исходот од изборите кои би се случиле потенцијално и во оваа година.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG