Се почестите вербални, но и физички напади врз здравствени работници е причината за денешниот протест на лекарите и медицинските сестри пред клиничкиот центар во Скопје кои решија да се спротивстават на тоа.
Организатор на протестот беше Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари чии претствниции порачаа и дека не смеаат повеќе да работат во лоши услови. Тие рекоа дека итно мора да се преземаат, мерки за подобрување на здравствениот систем, за поголем квалитет на здравствени услуги и да има повеќе персонал во установите. Во спортивно најавија дека ќе престанат да работат.
"Во последно време сме сведоци на зачестени напади врз здравствени работници кои се резулатат на еден трул здравствен систем кој системски го уништува односот меѓу здравствен работник и пациент од што последиците се видливи. Ова ќе биде последна опомена и изразување на нашиот револт заради се поголемиот број случаи на вербални и физички напади. Не смее нездоволството од системот да резултира со насилство спрема медицинскиот персонал" порачаа преставници на Асоцијацијата.
"Потребни с е системски и квалитетни решенија, не бараме избрзани решенија туку решенија со кои се ќе биде околу пациентот, тој да е во центарот и сакаме да ја подобриме комуникацијата за да се превенираат несакани појави", изјави доктор Божидар Кочовски.
Сите здравствени установи кои се членки на синдикатот присуствуваа на протестот, а меѓу нив и Министерот за здравство Венко Филипче. Според него, овој протест бил вовед за наредниот период за кога планира да започне кампања за враќање на довербата во здравствените работници и да воведе професионално обебедување во здравството и законски измени со кој нападот ќе се третира како напад врз полицаец.
На прашање дали може да се решат случаите на насилство и колку државата може да придонесе особено кога е во прашање примање пациенти преку ред, долги чекања или корупција министерот рече дека проблемите се комплексни и оти треба да се врати дигнитетот на здравствените работници кои пожртвувано работат.
“Проблемот е комплексен, тоа бара работа за враќање на довербата меѓу лекарите и пациентите. Еден сегмент е професионалното обезбедување, но потребно е и унапредување на статусот на здравствените работници и понатаму на условите. И самиот сум бил сведок на неперијатни ситуаци во урегентниот центар кога доаѓаат семејства кои с е нервозони”, изјави министерот Венко Филипче.
Поводот за протестот беше случајот со лекар на кожното оделение во Тетово кој доби повреди на работа поради кои требаше да побара лекарска помош во Скопје,а потоа и инцидентот со медицинска сестра во поликлиниката во Драчево.
Што велат граѓаните?
Радио Слободна Европа праша и дел од граѓаните што мислат за односот на здравствените работници кон нив.
"И пациенти има нервозни ама и доктори кои не постапуваат добро. Одиш на дежурен леакар и не може да го најдеш. Најдобро е да се стават камери", вели Гацов Горги
"Нема ред, не ви обрнуваат внимание без сведок на клиника. Девојка со болки со саати чека а докторот само и климнува со глава додека минува низ ходникот"
"Зависи од ситуација и нив треба да ги разбереме но и нас. Се е заради корупцијата од тие што не сакат да чекаат има тука проблем"
" За лекарите немам забелешки но за другиот персонал да. Дали е тоа недостиг на персонал и медицински сестри и мора да чекаме пред лабараторија, а најмногу ме иритра што се влегува преку врски, а има гужви." велат дел од граѓаните.
Од лекарската комора велат дека не може да кажат колку има претставки од пациенти, но дополнија дека тие се разгледуваат.