Достапни линкови

Илјадници приведени на анти-владините протести во Русија


Приведен демонстрант на протестите во Санкт Петербург. 31 јануари 2021 година.
Приведен демонстрант на протестите во Санкт Петербург. 31 јануари 2021 година.

Според преносите во живо за време на денешните протести за поддршка на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, полицијата привела стотици демонстранти ширум Русија.

Повеќе од 4.000 демонстранти биле приведени откако Русите на 31 јануари излегоа на улиците на протестите кои беа одржани на национално ниво, втор викенд по ред. Тие бараат да биде ослободен од затвор критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, во услови на голема акција против неговите приврзаници.

Полициските сили за сузбивање на демонстрации беа распоредени во голем број и беа снимени како ги влечат демонстрантите до возилата кои чекаа, како ги тепаат и употребуваат електро тизери против учесниците во протестите.

Демонстрантите на Далечниот Исток и Сибир ги започнаа протестите кои се очекуваат во целата земја и покрај ниските температури и силното присуство на полицијата.

Протести и апсења во Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00

Полицијата во Москва и во Санкт Петерсбург ги опколи демонстрантите додека се собираа пред почетокот на протестите напладне по локално време.

Повеќе од 840 луѓе беа уапсени во главниот град Москва, вклучително и сопругата на Навални, каде протестите доцнеа поради затворање на врските со градскиот превоз. Во Санкт Петерсбург беше пријавено дека се приведено околу 240 луѓе.

Луѓe одат во центарот на Москва за време на протестот за поддршка на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални. 31 јануари 2021.
Луѓe одат во центарот на Москва за време на протестот за поддршка на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални. 31 јануари 2021.

Вкупно 35 претставници на медиумите беа уапсени низ целата земја, осум во Санк Петерсбург, според Центарот за мониторинг на повредување на правата на руските новинари и медиуми.

Во видео објавено од тимот на Навални на Телеграм, се гледа како полицијата тепа новинари и против нив користи електрифицирани шок-палки.

Насилството, кое следуваше откако полицијата употреби сила при апсењата на илјадници демонстранти на протестите минатата недела, наиде на осуда од Вашингтон и повици за почитување на човековите права и слободата на печатот.

Снимките во живо покажуваат дека полицијата во секој град извлекува демонстранти и ги носи во возила што чекаат.

ОВД-Инфо објави повеќе од 3.060 апсења на почетокот на настаните, вклучително повеќе од 120 во градот Владивосток на Далечниот Исток, повеќе од 190 во Краснојарск како и неколку новинари во други градови.

Независното тело за мониторинг ,исто така, извести дека активисти во повеќе градови низ Русија биле посетени од полицијата пред планираните антивладини демонстрации.

Полиција на протестите во Москва. 31 јануари 2021.
Полиција на протестите во Москва. 31 јануари 2021.

Видео снимките од Владивосток, каде на стотици демонстранти им беше забранет пристапот до центарот на градот, покажуваат како учесниците во протестите на мразот на заливот Амур со врзани раце скандираат „Путин е крадец“ и „Мојата Русија е во затвор“. Протестите таму завршија по околу два часа.

Демонстрантите во Казан, главниот град на Татарстан, на социјалните мрежи беа прикажани како се судираат со полицијата.

Снимките во живо на „Карент Тајм“ покажуваат силно полициско присуство во Перм пред завршувањето на протестите.

Во Иркутск, како што се наведува, биле уапсени 24 лица. Снимени се демонстранти како полицијата ги приведува.

Дописникот кој работи за рускиот сервис на Радио Слободна Европа, Андреј Афанасиев, беше приведен додека ги покриваше протестите во градот Благовешченск на Далечниот Исток.

Руските власти се подготвуваа за големи протести на национално ниво, а полицијата издаде предупредувања дека учесниците на „нелегалните“ митинзи ќе се соочат со кривични пријави закршење на здравствените ограничувања поради епидемијата на коронавирусот.

Руските сили приведуваат луѓе на денот на протестите на национално ниво за поддршка на затворениот опозициски лидер и антикорупционер Алексеј Навални. Извор: Снимка од видеото од Руската сервис на РСЕ.
Руските сили приведуваат луѓе на денот на протестите на национално ниво за поддршка на затворениот опозициски лидер и антикорупционер Алексеј Навални. Извор: Снимка од видеото од Руската сервис на РСЕ.

На демонстрациите кои беа одржани минатиот викенд во десетици градови во Русија, полицијата приведе скоро 4.000 луѓе кои бараа ослободување на опозицискиот лидер во повеќе од 110 градови градови, во едни од најголемите анти-владини протести во изминатите години.

Оттогаш властите притворија најблиски соработници на Навални и претставници на медиумите во обид да се смири изливот на несогласување со политиката на Путин.

Тимот на Навални планира протести во 142 градови низ 11-те временски зони на земјата. Најголемиот во Москва е закажан за напладне по локално време.

Демонстрантите во главниот град беа повикани да се соберат пред седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСб) и во близина на претседателската администрација.

Првото апсење во Москва беше пријавено околу два часа пред собирот и снимките во живо од градот покажуваат голем број полицајци на улиците.

Московската полиција соопшти дека ќе затвори голем дел од централниот дел на градот, вклучително седум метро станици.

Повиците за ослободување на Навални одекнуваа од улиците на Русија до западните престолнини, а ЕУ, САД и други земји бараат тој да биде ослободен.

Судот во Москва, инаку, на 29 јануари одреди двомесечен домашен притвор за братот на Навални, како и за неколку други негови сроаботници, во услови кога руските власти се обидуваат да ги спречат протестите.

Домашен притвор до 23 март беше одреден за Олег Навални, братот на Алексеј, како и за адвокатот на Навални во Фондацијата за борба против корупција (ФБК) Љубов Собол и за Олег Степанов – координаторот во седиштето на Навални во Москва.

Домашен притвор беше одреден и за членката на протестната група „Пуси Риот“, Марија Алјохина и за шефицата на синдикатот на Алијансата на лекарите Анастасија Ваислјева. Сите беа приведени и обвинети за кршење на ограничувањата поради пандемијата на Ковид-19, бидејќи според обвиненијата повикувале на масовни протести.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG