Социјалните мрежи како арена за политичка битка
Една од главните арени на кои се води политичката битка денес, се социјалните мрежи. Партиите во Македонија се свесни за тоа, па се почесто водат кампања и преку фејсбук, твитер, јутјуб. Но, на социјалните мрежи главно се одвива валканиот дел од кампањата, содржини за оцрнување на противниците, за чие ширење се задолжени така-наречени партиски живи ботови.