Фотографиите во оваа галерија се направени во периодот од 27 март до 16 април од компанијата Maxar Technologies, компанија за сателитско снимање, која обезбедува „90 проценти од основната геопросторна интелигенција што ја користи американската влада“. Шефот на Maxar Technologies Дан Јаблонски, изјави за Волстрит журнал дека неговата компанија ги објавува фотографиите јавно заради „посветеност на транспарентноста“.
Сателитски снимки покажуваат трупање руска воена опрема во близина на Украина

1
Сателитска слика прикажува руски воени хеликоптери во воздушната база Кировскоје, Крим, 14 април 2021 година.
Тензиите меѓу Соединетите држави и Русија се зголемија во последните неколку недели и американскиот претседател eо Бајден минатата недела најави нови санкции против Москва поради мешање на изборите и сајбер напад на „СоларВиндс“.

2
Руски воен авион во авиобазата Саки, Крим, 16 април 2021 година

3
Сателитска слика ги прикажува руските воени распоредувања во областа за обука Опук, во близина на црноморскиот брег на Крим, 15 април 2021 година.
Американски официјални лица соопштија дека бројот на руски трупи на Крим и во близина на украинската граница е двојно зголемен во изминатиот месец.
Американски официјални лица соопштија дека бројот на руски трупи на Крим и во близина на украинската граница е двојно зголемен во изминатиот месец.

4
Теренски болнички шатори за време на распоредувањето на руските воени сили во областа за обука Опук, во близина на црноморскиот брег на Крим, на 15 април 2021 година