Самит на „Отворен Балкан“ во Белград

1
Отворен Балкан е заеднички проект на Србија, Албанија и Северна Македонија, со идеја за слободен проток на луѓе и стоки меѓу земјите членки. Засега, другите земји од регионот, не му се приклучија на овој проект.

2
На овој самит, присуствуваа и претседателот на Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, како и министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу. На фотографијата се и премиерите на Србија Ана Барнабиќ, на Албанија Еди Рама и на Северна Македонија Димитар Ковачевски, како и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

3
Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, како и министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, учесници на самитот во Белград.

4
Срдечен поздрав на албанскиот премиер Еди Рама со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.