Сликите објавени од руската војска покажуваат како војници заминуваат за Казахстан по фаталните антивладини протести во оваа централноазиска земја. На 6 јануари, исто така, голем број неидентификувани воени лица пукаа со автоматско оружје во центарот на Алмати.
Руски војници заминуваат во Казахстан

1
Руски десантни трупи за Казахстан се качуваат на транспортен авион на аеродромот Чкаловски, североисточно од Москва, на 6 јануари. Еден ден претходно, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев апелираше за интервенција на Организацијата на Договорот за колективна безбедност , обвинувајќи ги „терористичките“ банди обучени од странство за немирите што ја зафатија неговата земја.

2
Руски транспортен авион Иљушин ИЛ-76 кој превезува војници за Казахстан од аеродромот Чкаловски. Организацијата на Договорот за колективна безбедност е воен сојуз на Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.

3
Неидентификуван воен персонал пука со своето оружје во центарот на Алмати на 6 јануари. На видеото од оваа сцена, се чини дека човекот од десната страна сигнализира да престане да пука по постојаниот рафал од огнено оружје од формацијата.

4
Изгорен камион до канцеларијата на градоначалникот во Алмати вечерта на 5 јануари. Имаше насилство и грабежи во текот на ноќта во градот откако масовните антивладини протести зафатија голем дел од земјата.