Достапни линкови

Што е ремдесивир и зошто сите го сакаат?


Иако до пред само неколку месеци веројатно никогаш немавте слушнато за ремдесивир, лекот се најде на насловите низ целиот свет откако истражувањата посочија дека може да има корисен ефект врз тешките случаи на ковид-19. Антивирусниот лек повторно се врати во вестите оваа недела, кога САД објавија дека ги купуваат буквално сите сегашни залихи на лекот.

Што е Ремдесивир?

Ремдесивир им припаѓа на лековите познати како „нуклеотидни аналози“, кои широко се користат при лекување на рак, вируси и разни инфекции.

Овие аналози личат на молекули познати како нуклеотиди, кои се јавуваат природно во организмот и се основни градежни блокови за РНК и ДНК.

Некои вируси се „излажани“ да ги вклучат аналозите во нивниот генетски материјал наместо во вистинската работа.

Агенцијата за лекови на ЕУ го препорача ремдесивир за коронавирусот

Ова ја нарушува природната хемија на вирусот, со што се уништува неговата способност да се реплицира и го спречува нејзиното ширење.

Дали функционира во лекување на ковид-19?

Сè уште се прават испитувања за ефикасноста на ремдесивир при лекување на ковид-19, но има знаци на надеж дека е корисен за справување со болеста, особено кај пациенти во критична состојба.

На пример, резултатите од испитувањето објавено од американскиот Национален институт за здравство во април сугерираа дека го намалуваат престојот во болници на пациенти со ковид-19 од 15 дена на 11 дена.

Гилеад, американската биофармацевтска компанија што го прави лекот, исто така, објави дека пет дена лекување со ремдесивир функционира, како и 10 дена третман на лица со тежок ковид-19.

На 1 мај, американскиот Оддел за храна и лекови издаде специјална итна дозвола за интравенскиот лек да се користи кај возрасни и деца хоспитализирани со ковид-19.

Пробив против ковид-19, евтин лек спасува животи

Ремдесивир е исто така првиот лек што Европската асоцијација на лекови го препорача за овластена употреба во ЕУ во борбата против коронавирусот.

Дали е лесно достапен?

Пред избувнувањето на пандемијата ремдесивир не беше активно произведуван во Гилеад, но оттогаш фирмата го засили производството и најави дека работи на проширување на капацитетот.

Целта беше да има повеќе од 190.000 дози за третман до крајот на јуни и повеќе од 2 милиона дози до декември.

Покрај тоа, Гилеад во мај објави дека има потпишано договори за лиценцирање со пет други компании.

Во рамките на овие договори, „Гилеад“ ќе им обезбеди на овие производители знаење и ќе овозможи брзо производство на ремдесивир за дистрибуција во 127 земји во текот на наредните месеци.

Зошто САД бараат да ги купат сите расположливи резерви?

Со повеќе од 2,6 милиони потврдени инфекции и околу 130.000 смртни случаи, САД се погодени од пандемијата на коронавирус потешко од другите земји.

Пелоси: Трамп не смее да зема неодобрени лекови

Како дел од своите напори за решавање на ситуацијата, американскиот Оддел за здравство на 30 јуни објави дека купил 500.000 дози на ремдесивир, што претставуваат практично сите расположливи резерви на лекот за следните три месеци.

Американскиот министер за здравство Алекс Азар го поздрави овој потег како „неверојатен договор за да се обезбеди Американците да имаат пристап до првиот овластен терапевтски лек за ковид-19“.

Веста беше поздравена со помалку ентузијазам од другите земји кои исто така се борат со пандемијата, а наскоро може да нема доволно ремдесивир за лекување на тешки пациенти со ковид-19.

„Ова е првиот главен одобрен лек, и каде е тука механизмот за пристап?“ прашува Д-р Ендру Хил, истражувач од универзитетот во Ливерпул.

Експертот од универзитетот во Њујорк, Артур Каплан, смета дека американското купување на ремдесивир може да ги спречи напорите на другите земји да ги надополнат своите резерви, но тој не мисли дека тоа ќе има поголемо влијание врз глобалните напори за задржување на болеста.

Вакцината за Ковид-19 мора да биде достапна за сите

„Се сомневам дека ќе има доволно побарувачка во САД - иако ремдесивир не е чудо од лек - дека ќе се користи само тука и нема да оди никаде на друго место за многу месеци“, изјави тој за Дејли мејл.

„Тоа не е голема загуба, но е загуба. Тоа ќе значи повеќе страдања, но не и повеќе загубени животи“.

Иако американското купување резерви на ремдесивир не може само по себе да има големо влијание врз глобалната борба против пандемијата, тоа ги зголеми стравувањата дека ова може да биде лош знак за работите што доаѓаат.

Дебора Глејсон, специјалист за јавно здравје со универзитетот Ла Тробе во Мелбурн, го опиша потегот на САД како „многу загрижувачки преседан“.

„Ако гледаме дека вакцината доаѓа од американска компанија, веројатно ќе видиме ист вид на однесување и запленување од страна на САД и од другите развиени земји“, изјави таа за австралиската телевизија.

Кои опции имаат другите држави?

Има некои шпекулации дека доколку некоја земја се најде очајна за ремдесивир, би можела да издаде, како што е познато, „налог за задолжително лиценцирање“, механизам дозволен според правилата на СТО, кој им овозможува на владите да произведуваат патентиран производ без согласност на сопственикот на патентот.

Крвна плазма од оздравени, лек за заболени од коронавирус

Иако задолжителната наредба за лиценца ќе им овозможи на земјите да произведуваат свои генерички верзии на ремдесивир, тоа не е механизам што се користи многу често, бидејќи многу влади претпочитаат да не ги кршат правилата за патенти.

Фармацевтските компании долго време тврдат дека ваквите нарачки ќе бидат штетни за производство на лекови, затоа што патентите им овозможуваат да ги надоместат парите што ги трошат за истражување и развој.

Бидејќи за ремдесивир генерално се смета дека е корисна, но не и витална алатка во борбата против коронавирусот, останува да се види дали некоја влада би сметала дека вреди да се мачи да ја вознемири светска трговија.

Дексаметазон се користи за лекување од Ковид-19 на Инфективната клиника

Ремдесивир веројатно ќе продолжи да се користи како дел од комбинација на лекови - нови и стари – во справувањето со ковид-19.

На пример, откриено е дека дексаметазонот, евтин, широко достапен стероид, има влијание врз коронавирусот.

Веќе е овластен за употреба во Британија, за што истражувачите велат дека го намалува бројот на смртни случаи кај најтешко погодените пациенти до една третина.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG