Достапни линкови

Рамен данок - „не признавај ништо Зоки“, вие коментирате


Центар, Скопје (архива)
Центар, Скопје (архива)

. „Е,е,е, професоре, парата не знае социјалдемократија, туку интерес“ – постирал Зоран Крстев.“ Некои од посетителите на социјалните мрежи на РСЕ со свои пораки и до Тевдовски: „Професоре, тоа што е во книгата не раѓа на нивата.

Премиерот Зоран Заев рече: „Признаваме дека прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати“, а посетителите на нашата ФБ страница на ѓон: „Неуспешна пљачка сака да каже капо Зоки превара...“ Флорина Тодор Цацески уште поостар: „Кој резултат и го донесе освен предавството???“ Спасен Анѓелески дава свое толкување: „Абе ставен е на пауза поради завршните сметки на олигарсите...“ Ванчо Димитриев му препорачува на премиерот: „Не признавај ништо, Зоки. Гледај малку од Гвујо“, А Борис Барбуловски прашува кој ќе одговарал за истото?

Претходниот министер за финансии, Драган Тевдовски им порача на социјаледемократите дека нема да бидат тоа ако се укине прогресивниот данок, па посетителите објаснуваат што е социјалдемократија. „Е,е,е, професоре, парата не знае социјалдемократија, туку интерес“ – постирал Зоран Крстев, а Зоран Марковски коментира: „Се собрале бизнисмени и се прават социјалдемократи, хихи...“ Некои од посетителите со свои пораки до Тевдовски: „Професоре, тоа што е во книгата не раѓа на нивата...Ја упропасти економијата“. Уриим Тони вели: „Ти и тој Никола Поповски никогаш повеќе да не се вратите за министри за финансии“. Славчо Кинг се согласува данокот на личен доход да биде 10% зашто во основа на тој данок „треба да биде дека способниот со повеќе примања не треба да биде казнет од државата за својата способност, а не дека не се полнел буџетот. Плус, и со рамен данок тој со поголеми примања плаќа повеќе од некој со помали примања. Конечно нешто добро да видам од оваа власт (благодарение на новата министерка). Се надевам“, пишува Кинг „ќе има и други даночни олеснувања и олеснувања за способните и на тој начин ќе ги задржите во државава“.

Ментор Садику со јасна порака: „Големината на човек се покажува кога прифаќа дека згрешил, а не инаетот на глупавиот дилетант што го тера своето до крај без оглед на штетите“.

Протестниот марш во Скопје на граѓани Албанци против монтирани судски предмети предизвикал повеќе коментари главно со антиалбанска содржина. Ирфан Меџитоски прашува: „Што имате против Албанците. Тие ако не го знаат јазикот нема никаде да бидат вработени, како прво, а како второ, не провоцирајте, сите сме од крв и месо, од провокација идат проблеми, секој нека си ја чува својата националност... нема врска ако се Албанци или Македонци, сите сме луѓе, оти да одат во Албанија“ – одговара на еден непримерен коментар Ирфан Меџитоски, „тие тука се родени и тука ќе бидат, нормално секоја националност има свое право, остајте ги глупостите настрана и живејте мирно ко’ луѓе!!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG