Пчелите исчезнуваат, ќе нема што да јадеме?
Во моментов, на секој трет вид на пчели им се заканува опасност од истребување, а токму тие се од клучно значење за растителното производство. Научниците предупредуваат дека пестицидите, загадувањето, и климатските промени се меѓу заканите со кои се соочуваат инсектите кои опрашуваат, а тоа пак ги доведува во опасност екосистемите и производството на храна.