Достапни линкови

Правосудниот систем во слепа улица


Советот на јавни обвинители
Советот на јавни обвинители

Њузлетер 02.12.2022

Правосудството во „жива кал“

Претседателката на судскиот совет Павлина Црвенковска - поднесе оставка, меѓу другото, и поради притисоци од судско-бизнис релации. Премиерот и Министерот за правда ја повикаа да пријави во институциите.
Додека судскиот совет во понеделник ќе бира кој ќе ја замени Црвенковска, Советот на јавни обвинители не може да обезбеди кворум за гласање на Виш јавен обвинител. Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми ги повлекоа кандидатурите, а единствен кандидат останува обвинителот Мустафа Хајрулахи.

Судскиот систем во Македонија се движи кон ќорсокак. Ништо чудно, ако се земе предвид и дека можело да се полага правосуден испит и без да се дипломира.

Студентскиот живот е тежок, освен ако не е во посета премиерот

Откако во новиот предлог буџет беа скратени многу пари за студентите, пратениците сега преку амандмани ќе го подобруваат студентскиот стандард. Во меѓувреме, премиерот си снимаше видео со студентите и порача дека „никој нема да биде оставен сам“. Дури и ручаше во студентска менза, во која се беше идеално. Студентите наместо ова, бараат конкретни решенија.


Поради неажурност на институциите, во Скопје може и да не се плаќа данок на имот

За две третини од регистрираниот имот во Скопје не се плаќа данок на имот, зошто Градот нема пристап до податоците на Катастарот, вели градоначалничката Данела Арсовска. Од Агенцијата за катастар велат дека податоците не можат да ги обезбедат бесплатно како што бараат општините.

Ниту една Влада до сега не нашла решение праведно за сите граѓани да плаќаат данок на својот имот.

Кога не се собира данок, нема ни пари за јавен превоз, или пак, проблемот е покомпликуван?

Прво протестираа од ЈСП, но тоа кратко траеше, па потоа почнаа со протести и блокади приватните превозници во Скопје. Кој кому должи, кој мамел, прикривал приходи, каде оделе парите од Градот, од ЈСП, тешко е да се расчисти. Но, дека не е се чисто, е повеќе од јасно. Во меѓувреме, скопјани се возат со автобуси, по системот, кога кој ќе наиде.

Утринско возење со автобус во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00


Кога ќе си дојдете дома, парно греење, можеби ќе има, а можеби и не

Парно греење ќе има, убедуваа надлежните пред почетокот на грејната сезона. Но, неделава, оние што се греат од топланата Скопје – Север, мрзнеа 5 дена. Потоа бомбардирање со информации, нема набавка на гас, па набавен е гас, па неможе на мазут, па може...

И на крајот на денот, ќе се појави некој функционер и повторно децидно тврди дека парно ќе има. Впрочем, исто како и со струјата.

Барем цените на основните прехранбени продукти, ќе се намалат, ама не веднаш

Лебот ќе поевтини само тоа нема да биде од први декември, туку во текот на месецот. Во повеќето продавници цената на зејтинот е веќе намалена од претходно. Цените на месото пак се условени од укинување на давачките на увезените суровини, а во некои маркети има минимално намалување на цената на млекото.

Од Пазарниот инспекторат најавуваат засилени контроли на терен и казни за трговците кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата за намалување на цените.

Младите бараат брза слава и „леб без мотика“, не мислејќи на последиците

Родители ширум светот обвинуваат дека нивните деца го загубиле животот поради следење на предизвик на Тик-Ток. Во Македонија не е пријавен таков случај. Но има примери во кои младите влегуваат во ризични ситуации за да направат уникатно видео или фотографија за социјалните мрежи.


Има и млади кои успеваат и со упорна работа и тренинг

Да се тренираат неколку боречки вештини паралелно и да се освојат три златни медали во два различни спорта за еден викенд, не е невозможно за 16-годишната Даниела Алексовска. Таа тренира бразилска џиу џица (БЏЏ), џудо, таи бокс и ММА.

Девојките треба да знаат како да се одбранат
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG