Достапни линкови

Популизам, леб и игри


Што треба да знаете? 18.11.2022

Ковачевски во „филмот“ на Груевски

Премиерот Димитар Ковачевски посети осум фабрики или погони на семејни бизниси, беше во странство и се сретна со лидери од регионот и челници на ЕУ, свика лидерска средба, па се сретна со новата амбасадорка на САД. Одржа заедничка владина седница со Албанија, црташе со деца во градинка, се сретна со студенти, јадеше чипс, сирење и кашкавал, а се почести и со сендвич со мортадела при посетата на РЕК, наздравуваше со вино, шампањ и купуваше ракија. Во меѓувреме по некое интервју и прес-конференција. И сето тоа само за две недели од ноември. Што би се рекло 24/7.

Но долго време нема пуштање во употреба некој капитален проект, како хидроцентрала, автопат, голема фабрика, железничка пруга.

Од автопатот кон Косово пуштено во употреба е само промотивното видео

Автопатот од Скопје кон Косово, во вкупна должина од 12 километри, се планира веќе две децении, го ветуваат речиси сите влади. Во 2020 година почна да се гради првата, полесна делница од 2 километри. Според најавите, уште од лани требаше да се вози по неа. Не е готова. За другите 10 километри, допрва ќе се бара изведувач.

Можеби некогаш ќе биде изграден, но сигурно не во скоро време со оглед на тоа што, во меѓувреме, се поправа стариот пат кон Блаце, кој е во катастрофална состојба.

Од автопатот кон Косово завршено е само промотивното видео
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:03 0:00

А, и во градот Скопје, освен „шминкерски“ работи, капиталните проекти ги нема.

Сагата на пет големи скопски проекти

1. Двата моста на Вардар. Едниот, во Аеродром, завршува во куќи и не води никаде. Другиот, во Карпош, кејот е заграден повеќе од една година, а градежни активности скоро и да нема. Проблемот ист, нерешени имотно правни односи.

2. Брз автобуски превоз. Петре Шилегов го промовираше, Данела Арсовска го укина, ветуваше еко автобуси, па сега нема ни едно ни друго.

3. Пречистителна станица – клучен проект за градот, за големи пари и големи интереси, па тендерот испадна спорен, и засега ништо.

4. Универзална сала. Футуристички проект, обнова, реновирање... Планови многу а салата, еден од симболите на Скопје, е затворена со години.

5. Скопје смарт сити. Се работи за имплементацијата на платформа за дигитален град и систем за паметно осветлување, во чии рамки Градот склучи договор вреден 6,5 милиони евра со „Македонски Телеком“. Преку него требаше да се управува со систем од 10.000 паметни светилки, сензори за паметен паркинг, уреди за мерење на потрошувачката на вода… Од сето тоа, има само преноси во живо од седниците на град Скопје, односно од караниците на Арсовска со советниците.

На граѓаните не им е до гледање сеир од политичките кавги, си имаат егзистенцијални грижи.

Просечни семејства со потпросечна живеачка

Со една минимална и една просечна плата во Македонија не може да се наполни ниту една потрошувачка кошница. За една година таа е поскапа за речиси 17 илјади денари. Но тие пари се само за храна и сметки, без кредити. Инфлацијата во октомври во споредба со истиот месец лани е 19,8 отсто, но основните производи се поскапени и за 30 проценти. Потрошувачката кошница за октомври годинава изнесува над 51.000 денари. Таканаречената средна класа, отиде во сиромаштија.

„Од наредната година ќе биде далеку подобро“, порача премиерот Димитар Ковачевски на трибина во организација на владејачката партија СДСМ. Вакви ветувања добиваме секоја година.
Мало релаксирање претстојниов период можеби ќе донесе најважната споредна работа на светот. Но, и таму има политика.

Спорт и политика - Пет „сензитивни“ натпревари на Мундијалот во Катар

Во недела, на 20 ноември, во Катар започнува најгледаниот и најпрофитабилен спортски турнир на планетата. За еден месец, Светското првенство во фудбал во 2022 година ќе го привлече вниманието на публиката и ќе доминира на ТВ екраните и секојдневните дискусии ширум светот.

На Светското првенство ќе се одиграат вкупно 64 натпревари од кои 48 во групната фаза. И додека сите ќе бидат важни, поединечни натпревари ќе додадат одреден зачин на турнирот. Некои од политички причини, други од чисто фудбалско ривалство.

Тренинг во мирни води, врвни резултати на диви води

Велешанецот Ангел Петрушев во кајак влегол во прво одделение. Денес има 18 години, бројни медали и титула - државен јуниорски и сениорски првак на Македонија. Членот на кајакарскиот кану клуб Вардар од Велес, „скока“ и на меѓународните рангирања и сака да го подобри резултатот на секое следно натпреварување. Посакува да има подобри услови за овој спорт во Македонија, како и поголема поддршка од институциите.

И да немаш најдобри услови за тренинг, мора да сакаш да успееш
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:01 0:00
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG