Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
Нови фотографии за руските сили во близина на Украина

1
Сателитска снимка покажува руски воени возила паркирани во Јелња, Русија, на 19 јануари. Јелња е во северозападната руска Смоленска област, на околу 120 километри од границата со Белорусија и 260 километри од Украина.

2
Оклопни транспортери и камиони во Климово на 19 јануари. Военото складиште Климово се наоѓа на само 35 километри од украинската граница.

3
Шатори и домови за руските војници во Јелња на 19 јануари.Истиот ден кога беше направена оваа фотографија, американскиот претседател Џо Бајден предизвика широки критики поради тоа што се чини дека прави разлика помеѓу потенцијалниот „мал упад“ на Украина од страна на руските сили и сеопфатната инвазија.

4
Руски тенкови и опрема за артилериска поддршка, од кои некои очигледно биле користени неодамна, во Јелња на 19 јануари. Белата куќа подоцна се обиде да ги разјасни коментарите на американскиот претседател од 19 јануари, велејќи: „Ако некои руски воени сили ја преминат украинскиот граница, тоа е обновена инвазија и ќе биде дочекана со брз, остар и обединет одговор од Соединетите Држави и нашите сојузници“.