Достапни линкови

„Недопирливоста“ на ДУИ и маките на скопјани


Њузлетер 25.11.2022

Медицинска опрема украдена во Македонија фатена на Косово

Македонските здравствени установи имаат хроничен недостиг од опрема и апарати, а оние што се новонабавени, најчесто се од донации. Но, некои почнале и да исчезнуваат.
Косовската полиција спречила украдена медицинска опрема од Македонија да заврши во косовската поликлиника „Авицена КС“ во сопственост на македонскиот бизнисмен Дритон Шуки.

Како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на бизнисменот Дритон Шуки, а тој ја пренел на Косово, одговор треба да даде истрагата на косовската и македонската полиција. Шуки има блиски врски со ДУИ и е еден од покрупните донатори на таа партија.

ДУИ не може да се победи надвор од Владата

На власт се 20-тина години и се „недопирливи“, како на избори, така и за правосудството. Дали тоа може да се промени со евентуално влегување во власта на Алијанса на Албанците, која беше жесток критичар на ДУИ, е дискутабилно.

„Се покажа дека партиите [на Албанците], што подолго останат во опозиција, толку полесно ѝ е на ДУИ да ги совлада и да ги победи на избори. Тоа се случуваше и со ДПА низ годиниве“, вели аналитичарот Сефер Селими.

Дали странци треба да ни го оправаат судството?

Никој не е изненаден од „збунетоста“ на американската амбасадорка Агелер од изборот на новиот шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал, Ислам Абази, соселанец на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. За судиите, ова е поттик за повеќе работа. За експертите, доказ за потреба од „странско тело“ место пари за правосудството. За властите пак, како вообичаено, дека има потреба од реформи.

Ахмети изјави дека реакцијата на амбасадорката Агелер била принципиелна. Што и да му значи тоа.

Владини сниматели и фотографи колку за цел медиум

Реформи се потребни, но, најнапред владините функционери да се изнасликаат и изнаснимаат.

Владините институции ангажирале најмалку 20-тина сниматели и фотографи со цел, како што велат, транспарентност во работата.

Но, на речиси сите видеа и фотографии, кои се објавени, се прикажува само функционерот и неговите средби, посети, активности, наместо целта на известувањето, дали и каква работа или проект се завршени.

Скопјани во „менгеме“ меѓу Арсовска и партиите

И скопјани можат само да се сликаат. Со сообраќаен хаос низ градот, со паркирани автобуси за јавен превоз, со крупните проекти кои се само на хартија.
Политичките кавги меѓу градоначалничката Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го „заглавија“ буџетот на градот.

Додека партиите и Арсовска јавно и со месеци се расправаат за тоа кој повеќе краде и не работи, скопјани се прашуваат зошто им доцнат автобусите, како и зошто им се потребни 50 минути за да поминат 1,5 километри со автомобил во сообраќајниот шпиц?

Викторија Лоба за токсичноста на социјалните мрежи

Фотографирање, и тоа без филтер. Пејачката Викторија Лоба вели дека понекогаш и таа знае да направи фотка или видео со филтер, но само заради забава. Кога нема професионални обврски нема проблем да излезе од дома без шминка или да објави фотка во природно издание. Има проблем со менување на личниот опис со премногу „ретуширање“ на фотографиите.

Живот без филтер: Лоба за токсичноста на социјалните мрежи
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Македонските граѓани не ги толерираат „различните“

Нивото на толеранција во земјава е многу ниско, покажува истражувањето на невладината МЦМС. Според социолозите главни виновници за оваа појава се слабостите на воспитно-образовниот систем, предрасудите во семејствата, но и пораките кои ги праќаат политичарите во јавноста.

Какви соседи (не) би сакале?
Какви соседи (не) би сакале?

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG