На кафе во Париз само со „ковид пасош“
Во Франција, од вчера, 09.08.2021, во сила е правилото за седнување во бар или во ресторан само со доказ за вакцинација против Ковид 19. Персоналот ги контролира гостите, главно нивните апликации. Непријатна мерка, но се спроведува, со цел да се спречи натамошното ширење на коронавирусот.