Достапни линкови

Младите најзагрозени, потребна е нова перцепција за нив


Сотир Габелоски
Сотир Габелоски

Општествените проблеми и кризите како енергетска и економска, ги погодуваат и младите. Кога тие се упатуваат кон аеродромите во државата општеството е глуво, внимание привлекуваат откако ќе стапат на туѓо тло, пишува Сотир Габелоски член на Секретаријат за меѓународна соработка на СДММ од Крушево.

Најголемата поука која треба да ја извлечеме од 2022-ра година е дека младите се најзагрозена група на граѓани. Сите негативни трендови во државата најдиректно, најсилно и најпоразувачки влијаат врз нив.Неколку истражувања посветени на младите ја одбележаа годината што измина.

„Истражување на младински трендови“ спроведено по нарачка на Агенција за млади и спорт покажа дека најголемиот дел од младите на возраст од 20 до 24 години, односно потенцијалот на Македонија, размислува да се исели од државата. Уште едно истражување кое остави силен печаток е на ИДУЕП (Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи) кое детектира 90 проценти од младите кои сакаат да ја напуштат државата.

Како најголеми причини за иселување од државата кај младите секогаш се најгорливите проблеми и негативните трендови во општеството. Сега тоа е корупцијата, која е на „пиедестал“ од најголемите проблеми. Претходно тој „примат“ го имаше правниот систем, пред тоа економската состојба, па недостаток на демократија и.т.н...

Секогаш најгорливите проблеми, оние кои се најактуелни, го погодуваат младиот човек најмногу и токму негативните трендови влијаат младите да се летаргични и да имаме податоци како наведените во истражувањата.

Овие истражувања покажуваат дека општествените проблеми, кризите како енергетска и економска, коронавирус пандемијата... сериозно ги погодуваат младите. Истовремено, оваа група се става на страна во оваа „приказна“ и доколку не се овие истражувања се чини дека никој нема ни да ги спомне.

Додека се упатуваат кон аеродромите во државата општеството е глуво и младите привлекуваат внимание откако стапнале на туѓо тло. Ова е заклучокот, ова е она што треба да го разбереме и да го прифатиме како состојба која се провлекува.

"Ако не си ја отвориш вратата сам, никој нема да ти рече: Повели!“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:49 0:00

Младите се најзагрозената група на граѓани во Македонија и негативните состојби треба да бидат сфатени како најзагрозувачки за нив. Младите не се само дел од општеството кое е жртва на непосакуваните трендови, туку напротив, тие се најподложни на овие процеси.

Државен и локален пристап, а пред се’ сеопфатно разбирање и толкување на тоа како трендовите влијаат на младите. Младите да бидат приоритет повторно, затоа што се најпогодени. Новата 2023 година да започне и да се одвива со нова перцепција на младите. Да создадеме ново гледиште кое опфаќа поинакво разбирање за состојбата во која се наоѓаат младите.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG