Анализа на Национален младински совет на Македонија за застапеност на младите на позициите за носење на одлуки, направена според податоците на Државната изборна комисија, во пресрет на локалните избори.
Застапеност на младите на кандидатските листи за локалните избори

1
Само 2,99 % од кандидатите за градоначалници се млади (18-29).

2
Највисок процент на млади (18-29) во советничките листи на Движењето Беса, ДУИ и Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

3
Најголем број на млади (18-29) во советничките листи на коалициите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и во независните листи.

4
52 % од младите кандидати (18-29) за Советите на општините се на првите 10 позиции.