Достапни линкови

Како да се сочува менталното здравје на децата во пандемија


Училница / Classroom
Училница / Classroom

Со пандемијата многу од работите се променија за најмладите кои најмногу сакаат да се дружат, а сега се спречени тоа да го прават. Стручњаците предупредуваат дека со изолираноста луѓето ја губат блискоста со другите, нагласувајќи дека родителите и наставниците имаат посложена задача.

Во време на пандемија како и се друго и основните училиштата речиси една година се поинакви места отколку што беа до март оваа година.

Правилата за хигиена и носење маски кои се бараат од децата, и дистанцирање меѓу себе се воспоствени во сите училишта.

На децата кои следат настава од дома екранот на компјутерот им стана прозорец низ кој ги дожувуваат школските денови.

Тешко е за мали деца кога не можат да бидат со своите другарчиња и кога се изолирани во училница и на одмори, кажа за Радио Слободна Европа мајка на првооделенец.

"Најмногу се одлучивме за физичко присуство за да добие слика што значи училиште, што значи да се биде ученик, да се стане наутро, да се подготви, дека училиштето си носи обврски. Но, не доби нај реална слика зашто неговата слика е дека оди на училиште за да седи сам на клупа", ни изјави таа прашуавјки се какви ќе бидат искуствата на оние кои првапат влегуваат во училиште - првачињата- поради промените кои ги донесе пандемијата во училниците.

До успех со стихови за влијанието на пандемија врз тинејџерите
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00

Отуѓеност како последица од изолацијата врз менталното здравје на децата

Професорот Методија Чепреганов специјалист невросихијатар, вели дека воведувањето на социјалното дистанцирање кое во услови на пандемија е непходно за одржување на здравјето, претставува посебно тешка задача за малите деца.

Тој предупредува на последици од изолацијата општо врз менталното здравје на луѓето, дополнувајќи дека тие се очекувани поради променетите услови кои ги наметна пандемијата, особено за децата поради чувството на издвоеност од врсниците.

“Основен проблем е т.н алиенација која значи отуѓување на човек од човек, не зашто така сакаме или некој сака да ни го наметне тоа туку зашто овој вирус е друштвен, тој бара друштво, а ние друштвото мора да го избегнуваме, а тоа е алиенација, ние на тој начин се отуѓуваме”,вели професорот Методиј Чепреганов.

Во животот емотивните меѓусебни контакти се еден од основните елементи, вели професорот Чепреганов објаснувајќи дека меѓучовечките односи имаат огромно влијание врз афективен живот, расположение, блискоста, меѓусебно разбирање, почитување, толеранција и флексибилност на секој човек.

Од таму тој вели дека очекувано е дека возрасен човек пандемијата може да го онерасположи или загрижи, и оти последиците зависат од тоа како е формиран карактерот на една личност. Меѓутоа, тој нагласува дека дека кај децата тоа е уште посериозно, зашто тие не може да сфатат дека не може да си играат во училишниот двор, дека не може да ја видат учителката, и да се видат со другарчињата.

“За нив тоа е не разбирливо, но тоа е обврска, за жал, родителите мора да објаснат и учителите и целото општество дека сме должни во има на нивното здравје да ги почитуваме сите мерки на претпазување за да може да го заштитиме своето здравје” вели Чепреганов.

Родителите и наставниците треба да поседуваат умеење и капацитет за поддршка на децата

Поради промените кои ги донесе пандемијата родителите треба да се занимаваат не само со учењето на децата туку и да имаат можност да видат како тие се чувствуваат, укажува професорот, нагласувајќи дека важно е на возрасните да им се истакне важноста на умеењето за слушање и оти мораат да издвојат време да им пружаат љубов и разбирање на децата.

“Значи последици има, тие се тука, но мора многу работи да ги прифатиме, да ги "голтнеме" и да ги спроведуваме, з а да може да го сочуваме сопстевното здравје. Кај децата е тоа многу потешко зашто сепак се во прашање несозреани психо-профили ,но треба многу работа многу објаснување, многу емпатија, многу љубов, многу договарање за да може децата да си ги заштитиме во зачувување на нивното здравје”вели тој.

Тој вели дека во ситуација кога од објективни причини на луѓето им се ограничува можноста за социјален живот, задача на родителите и наставниците е да спречат кај децата губење на смислата за разговор со други луѓе.

Дополнува дека децата не се воспитуваат само со зборови туку и со постапки и оти тоа како децата ќе реагираат најмногу зависи од однесувањето возрасните. Тој објаснува дека кај децата карактерот се уште не формиран и важни се уметноста и умеењето на родителите и на наставниците да го направат промените кои ги донесе пандемијата приемливи за детето за да има што помалку последици.

Тој се осврнува на тоа дека секој човек се раѓа со одредени психо- физички особини, дека потоа клучна улога во градењето на личноста играа воспитанието кое го добива преку смејството, училиштето и опкружувањето, а оти во животот личноста понатаму сама работи на самонадоградба и дообразба.

Ковид 19: Престои тешка зима, релаксирање напролет
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:17 0:00

Чепреганов вели дека социјалните, моралните и духовните вредности како и образованието кои ги поседува еден човек се тие кои може да го спасат од потресите кои му надоаѓаат во живот, но оти децата се оневозможени на тој пат поради пандемијата и затоа клучна е улогата на возрасните.

“Вториот елемент во градење на една личност е т.н матурација- зреење едукација, образование, значи каков резервоар на знаење вие ќе ставите во вас, и како шлаг на сето ова доаѓа инкорпорацијата на социјални на морални на етички и на духовни норми. Тоа е нормалниот пат на зреење на една личност. Ние, посебно децава сме сега оневозможени во тој пат, зашто има една објективна животно загрозувачка состојба која се вика вирсус и панадемија. И тој е тука и ни го загрозува животот посебно на децата. Мајсторство е на тие што го даваат воспитание, а тоа се на прво место родителите и учителите да умеат со децата на таков начин ова да им го направат поолеснително, да може децата да ја прифатат ситуацијата, иако тоа е многу тешко, јас со деца рaботам и знам како е, детето не може да го сфати тоа што може еден возресен", вели Чепрегaнов.

Тој се согласува дека за човекот општо е најважно да не го загуби она што го пружа можноста од секоја една средба, а тоа се љубовта, пријателството и вземното помагање кои се врвен израз на животот.

Ученичките денови се памтат по заедничките спомени

И социолозите постојано нагласуват дека социјалните мрежи не може да го заменат дружењето во живо зашто ученичките денови не се паметат по задачите и училницата туку по пријателите и заедничките спомени.

Разговорите на клупа во училница па дури и расправиите изгледа веќе добија замена во облик на виртуелна верзија.

Ученик во второ оделение во Скоје кој веќе со месеци следи настава по пат на компјутер ни изјави дека му недостасува училиштето најмногу поради друштвото.

"Поинтересно ми е да бидам на онлјан, ама подобро ми е да се гледам со другарите во школо зашто може да си играме во школскиот двор", ни кажа за Радио Слободна Европа еден второоделенецот, опишувајќи го искуството на основците од учењето на далечина.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG