Настаните на денот низ фотографии - 18 март 2020 година.
Маски и лажни вести

1
МАКЕДОНИЈА - Во ситуацијата со коронавирусот во државата, секој граѓанин кој ќе реши да излезе од државата, ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да се врати назад, одлучи денеска Владата, информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски. Тој апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на вирусот.

2
МАКЕДОНИЈА - Денеска до 12 часот во Македонија се регистрирани 35 лица заболени од коронавирус. Во таа бројка се и последните 4 случаи кои биле утврдени денеска претпладне, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

3
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА / МАКЕДОНИЈА - Поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, во име на Охридската група, испрати писмо со поддршка по повод ратификацијата на Протоколот за пристаување на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на Шпанскиот сенат.

4
БЕЛГИЈА / РУСИЈА - Руски и проруски медиуми започнаа значајна кампања за дезинформација против Западот за да влијаат на ситуацијата со коронавирусот, да создадат паника и да сеат недоверба, се вели во извештај на Европската унија, објави новинската агенција Ројтерс, која тврди дека имала увид во докумнетот.