Минатиот месец рускиот претседател Владимир Путин го прогласи „ослободувањето“ на градот Мариупол за „успешно“. Со многу станбени области уништени и економија во урнатини, тоа е борба за опстанок за околу 100.000 жители уморни од војна, кои се соочуваат со неизвесна иднина. Со неговите преживеани принудени да чекаат вода и храна, Мариупол повеќе не личи на просперитетен европски град.
Пишувајќи на својот канал на „Телеграм“ на 12 мај, советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, наведува руски бројки во кои детално е опишано како само 9.610 жители добиле храна тој ден. „Мислам дека ова е доволно јасен одговор на прашањето дали има доволно храна во градот и дали окупаторите ги хранат луѓето“, рече тој.
Ако Русија ја задржи контролата врз Мариупол, ќе обезбеди копнен коридор меѓу Крим и сепаратистите поддржани од Москва во регионот Донбас во источна Украина.
Мариупол: Животот во разурнатиот окупиран град

1
Во позадина на тековното руско гранатирање на челичарницата Азовстал на 10 мај, се гледа крст од црква.

2
Жител седи во разурнат двор на 12 мај. Украинскиот сајт за вести 0629.com.ua на 12 мај објави дека Русија очекува избувнување на колера во Мариупол поради недостаток на чиста вода и лоши санитарни услови.

3
Вработените во локалната влада контролирана од сепаратистите ги чистат урнатините од театарот во Мариупол на 12 мај. Истрагата на АП процени дека 600 цивили загинале кога Русија го нападнала театарот додека се користел како засолниште за бомби.

4
Работниците ги расчистуваат урнатините од станбена зона на 12 мај.