Српскиот патријарх Порфириј рече дека „враќањето на браќата од Македонија во единство е божје чудо“, а од МПЦ-ОА очекуваат СПЦ да испрати писмо до Вселенската патријаршија и поглаварот Вартоломеј, со барање за афтокефалност на македонската црква. Јавноста во Македонија е поделена дали овој чин е чекор напред или чекор назад во однос на барањата за афтокефален статус на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Лутургијата за „помирување“ на СПЦ и МПЦ-ОА низ фотографии
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ

1
Со литургијата за помирување меѓу двете цркви, која се одржа во храмот Свети Сава во Белград, чиноначалствуваа поглаварите на двете цркви - македонскиот архиепископ г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј

2
Литургијата доаѓа по одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на каноничноста на МПЦ-ОА на 9 мај и одлуката на Саборот на СПЦ за за Македонската православна црква – Охридска архиепископија го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година

3
Македонските црковни власти очекуваат по завршувањето на Саборот на СПЦ, до Вселенската Патријаршија да биде испратено барање за автокефален статус на МПЦ- ОА

4
Вчера од Синодот на МПЦ ОА потенцираа дека ова е чекор напред кон крајната цел - добивање автокефалност на македонската црква. Во јавноста мислењата се поделени дали е ова чекор напред или чекор назад во однос на добивањето афтокефалност