Достапни линкови

Лажни дојави за бомби, увоз на струја и инфлација


Њузлетер 16.12.2022

Лажни бомби, вистински стрес

Со денови јавноста во Македонија е вознемирена од дојавите за бомби во училишта, институции, трговски центри, станбени згради. Премиерот Ковачевски изјави дека е невозможно да се открие од каде доаѓаат заканите и оти станува збор за хибридна војна. Аналитичари оценуваат дека целта е дестабилизација.

Учениците, влези, излези од часовите, а Министерството за образование смета дека испуштената настава треба да се надополни, но не кажува како.

Цвета бизнисот со увоз на струја

Додека јавноста е преокупирана со лажните бомби, трговците со струја инкасираат огромни суми. За еден месец, Македонија увезе струја во вредност од 40 милиони евра. Да работеа сите капацитети за производство на струја, ќе немаше потреба од увоз.
Но, кој се офајди?

Бизнисот со струја стана „мода“ и меѓу блиски на функционери, колку да се инвестира некаде од заштедата.

Инфографика - Увоз и увозници на струја во Македонија ноември/декември 2022
Инфографика - Увоз и увозници на струја во Македонија ноември/декември 2022

Инфлацијата, рекордна

Трговците, не само со струја, туку и со прехранбени производи, бележат профити, а сите останати граѓани плаќаат и осиромашуваат.

Инфлацијата во Македонија достигнува скоро 20 отсто, највисока во регионот, а според економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ, главна причина е што алчните трговци ја искористија ситуацијата со војната во Украина и неоправдано ги кренаа цените, пред се, на храната.

Јовановиќ – Храната неоправдано поскапе
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:30 0:00
Директен линк

Загрижувачки тензии на Косово

Кај македонските власти има загриженост за ситуацијата на Косово, но, проценките се дека засега нема потреба по прашањето да заседава Советот за безбедност.​

Ивана Страднер, научен соработник во Фондацијата за одбрана на демократијата во Вашингтон, за РСЕ оценува дека ситуацијата на северот на Косово, за разлика од порано, може да ескалира поради дополнителни провокации, како од Белград, така и поради руското влијание.

Протест на националисти во Белград за подршка на Србите на Косово
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00

Црна Гора меѓу ЕУ, Србија и Русија - кризата се продлабочува

Во Црна Гора протестираше опозицијата, имаше и „блиски средби со полицијата“, како одраз на длабоката политичка криза меѓу прозападните и просрпските и проруските партии во оваа членка на НАТО.
Протестот се одржа додека пратениците во зградата на парламентот гласаа за одземање на одлучувачката улога на прозападниот претседател на земјата во назначувањето премиер.

Судири на демонстрантите со полицијата во Подгорица
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00

Бидете храбри и умерено самокритични

Ова е пораката на младата актерка Нина Елзесер, која вели дека ужива работејќи на претстави на независната сцена. Во моментов не цели кон матичен театар и вработување, но како што вели, секогаш цели кон чување на детето во себе и порачува дека актерите никогаш не смеат да бидат ставени во рамка.

Нина Елзесер: Бидете умерено самокритични, но и многу храбри
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:30 0:00

Денеска е денот да си кажеме што ни лежи на душа

Прегледите на нивните видеа се бројат во милиони, а настапуваат и преку граница. Сепак, траперите од „2 Бона“ велат дека иако чувствуваат голема поддршка од фановите, онаа од домашните медиуми ја нема.

2 Бона: Денеска е денот да си кажеме што ни лежи на душа
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:10 0:00

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG