Достапни линкови

Кој ќе ја раководи ЕУ во наредните пет години?


Лидерите на ЕУ во спор околу врвните функции во Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Лидерите на ЕУ во спор околу врвните функции во Брисел

Лидерите на Европската унија го оддржаа првиот круг разговори во Брисел околу тоа кој треба да ги предводи клучните институции на Унијата во следните пет години.

Станува збор за неформална вечера на која претседателите и премиерите разгледуваа кој би можело да ја преземе функцијата шеф на моќната извршна европска власт, Европската комисија, моментално предводена од Жан Клод Јункер откако ќе се повлече на 31-ви октомври.

Тие, исто така, ги оценуваа и кандидатите за претседател на Европскиот совет на местото на сегашниот Доналд Туск, како и за шефовите на надворешната политика на Унијата и на Европската централна банка.

Сепак, Туск наведувајќи дека „никој не може да биде исклучен“ рече:

„Јас само би сакал да кажам дека ние не разговаравме за имиња вечерва, туку само за процесот. Затоа, немојте да ме прашувате за имиња“.

Од друга страна, Ангела Меркел на прес конференцијата по состанокот во Брисел потврди дека за претседател на Европската комисија го поддржува Манфред Вебер, кандидатот на десницата.

„Да го повторам она што го реков и да ги избегнам непотребните прашања, стоиме зад нашиот водечки кандидат, кандидатот на ЕПП, Манфред Вебер. Други пак, стојат зад нивниот главен кандидат, очигледно“.

Францускиот претседател Емануел Макрон застана против Вебер, наведувајќи ги како кандидати, данската еврокомесарка за конкуренција Маргарет Вестагер, преговарачот на Унијата за Брегзитот десноориентираниот Французин, Мишел Барние и холандскиот социјалдемократ Франс Тимерманс.

Според Макрон, неговиот приоритет е да се најде „силен лидер“ кој нема да биде „засенет“ од европските шефови на држави или влади.

„Мој приоритет е да ги имаме најквалификуваните луѓе, оние кои го делат овој проект, кои се најквалификувани и кои можат да ја направат Европа што е можно посилна“.

Макрон додаде дека сакал разновидност меѓу кандидатите, еднаков број на мажи и жени, како и да бидат од различни политички профили.

Евролидерите се надеваат дека ќе можат да ги наименуваат кандидатите на највисоките позиции на нивниот следен самит на 20-21 јуни.

Сепак, доколку продолжат споровите, според аналитичарите, Европската унија ќе ризикува да се најде во институционален хаос, оставајќи ја во неможност да носиклучни одлуки во време кога се соочува со растечката економска моќ на Русија и Кина, како и со, како што се наведува, непредвидливоста на американскиот претседател Доналд Трамп.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG