Пандемиите - како што забележал историчарот Јувал Ноа Харари - се копче за брзо придвижување на историјата.
Одеднаш, промените што во времињата пред коронавирусот би донеле години на дебата, несогласување, двоумење, спротивставување и одложување, испаднаа дека се можни преку ноќ, се наведува во написот објавен во весникот “Гардијан”.
Некои примери
Првиот: Стотици илјади работници одеднаш се способни - а и навистина е потребно - да работат од дома.
Вториот пример е позагрижувачки - владите или веќе распоредуваат, или активно размислуваат, да ја користат технологијата за надзор што само до пред еден месец ќе предизвикаше бес и протести.
Третиот пример е одлуката на двете огромни технолошки компании кои ја контролираат технологијата за мобилни телефони - „Епл“ и “Гугл“ - да создадат платформи кои ќе им овозможат на владите да градат и распоредуваат апликации за следење на секој паметен телефон во светот.
Тоа не можеше да се замисли пред еден месец. Но сега…
Коронавирусот ќе донесе повеќе демократија во Русија
Знаци на драматични промени има насекаде - дури и кај работата на лекарите.
"Њујорк Тајмс" објави интересен извештај за тоа како работата на матичните лекари во Лондон се трансформира од вирусот.
„Во основа сведоци сме на десет годишни промени и тоа само за една недела“, изјави еден лекар за весникот.
„Порано, 95% од контактите со пациентот беа лице в лице: одите кај вашиот лекар, како што тоа траеше со децении, векови. Но, тоа се смени целосно “. Пред вирусот, видео состаноците сочинуваа само еден насто од годишните состаноци со британски лекари. Но, сега илјадници клиники почнаа да се префрлаат на далечински консултации".
Новиот свет
Додека пандемијата продолжува да го врти светот наопаку, новите реалности почнуваат да изгреваат врз нас, вели технолошкиот аналитичар Бен Еванс, додавајќи:
„Сега сме сите на интернет и, исто толку важно, сите сме подготвени да го искористиме ова за кој било дел од нашите животи. Денес, секој прави нешто на интернет“.
Како и да е, најважната импликација на возбудливите измени е дека нема враќање кон старото. Тој воз ја напушти станицата.
Коронавирусот не исчезнува. И, дури и кога ќе има вакцина, ризикот ќе постои, бидејќи климатските промени и ерозијата на живеалиштата на животинскиот свет ќе обезбедат нови животински вируси.
Дали СЗО е таа што треба да го запре ковид-19?
Корисна метафора за новата нормалност ќе биде она што се случува при возење автомобил на мраз. Најлошото нешто што ќе го направите е да притиснете на сопирачките, бидејќи тогаш целосно ја губите контролата. Наместо тоа, сопирајте со прекини.
Нашата непосредна иднина ќе биде комбинација на она што некои луѓе почнуваат да го нарекуваат „чекан и танц“ - чекан на последователни строги мерки проследени со дигитални танци во кои користиме надзор и тестирање. Ние одиме во претпазлив, наместо во храбар, нов свет, пишува “Гардјан”.
Подготви Марија Севриева