Приврзаниците на Џо Бајден слават на улиците, а приврзаниците на Доналд Трамп продолжија да го оспоруваат пребројувањето на гласовите и откако демократскиот кандидат ги доби претседателските избори во САД.
Изборни прослави и протести во САД

1
Луѓе се собираат за да ја прослават победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, 7 ноември 2020 година, во Вашингтон. Неговата победа дојде по повеќе од три дена неизвесност, бидејќи изборните претставници сортираа пмногу гласови по пошта, што ја одложуваше обработката на некои гласачки ливчиња.

2
Поддржувачи на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис во Мајами на 7 ноември 2020 година.

3
Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис стојат заедно со сопружниците Џил Бајден и Даг Емхоф, откако беа прогласени за победници на претседателските избори, Вилмингтон, Делавер, на 7 ноември 2020 година,

4
Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден со неговата сопруга Џил Бајден и членовите на нивното семејство ја поздравуваат толпата н во Вилмингтон, Делавер, на 7 ноември 2020 година.