Во Босна и Херцеговина граѓаните гласаат на осми општи избори на 2 октомври. Од отворањето на избирачките места граѓаните излегоа да гласаат за новите членови на Претседателството на БиХ, ентитетските и државните парламенти, како и за кантоналните собранија во ентитетот на Федерацијата БиХ. Очекуваат подобар живот и грижа за младите.
Избори во Босна и Херцеговина

1
Граѓаните на Република Српска на 2 Октомври избираат претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет. Фотографија од избирачко место во Бања Лука.

2
На југот на БиХ, во Требиње, точно во 7 часот беа отворени сите избирачки места. Отворени се 46 редовни избирачки места за 31.184 гласачи, како и едно избирачко место за гласање во отсуство.

3
„Немам големи очекувања од изборите, нешто може да се промени само ако се разбудат младите. Старите спијат, секогаш ги следат истите работи“, вели Џевад Капиќ кој беше да дојден да гласа во Казин.

4
Граѓаните на Бихаќ, северозападно од Босна и Херцеговина, на избирачките места по отворањето во 7 часот.