Во привлекувањето на странските директни инвестиции Македонија е на балканското дно, каде што има споредливи резултати само со Косово и со Босна и Херцеговина, а Србија и Албанија веќе почнаа да привлекуваат по милијарди евра. Зошто е тоа така?
Го фаќаме чекорот со остатокот од регионот, особено со нашиот северен сосед Србија. Во изминатиот период има повеќе фактори да кажеме зошто Северна Македонија заостанува зад Србија. Јас би споменал дека меѓу другото имаше доста отворени политички прашања во периодот до 2017. Членството во НАТО и верификацијата на политичката стабилност на државата придонесе во изминатите, после пандемијата, година дена имаме значително зголемување на интересот од инвеститори, особено до инвеститори со повисока додадена вредност и квалитет, така што еден од факторите што досега, односно до пред неколку години работеше во полза на соседите, меѓутоа не и во полза на државата, сега веќе го нема. Јас очекувам дека и во 2022 со очекуваниот почеток на преговори за членство во ЕУ ќе имаме дополнителен аргумент, бидејќи секој инвеститор, особено сериозни странски инвеститори кои вложуваат сериозен капитал секако бараат и одредена политичка стабилност, така што очекувам, како што споменав, дека она што го имавме како ситуација да очите повеќе беа насочени повеќе кон Србија, веќе во периодот што следи, односно веќе е случај, да имаме вртење на интересот и кон Северна Македонија. Секако го имам предвид фактот дека Северна Македонија е помал пазар од соседна Србија. Од останатите држави во регионот не би се согласил дека заостануваме, напротив разговаравме за тоа по која методологија се сумираат податоците за странските инвестиции, се покажа дека за дел од државите кои ги споменавте во категоријата на странски инвестиции влегуваат и вложувања кои се поврзани со искористување на рудни богатства, тоа кај нас не го практикуваме, така што ако зборуваме за странски директни инвестиции по разбирањето кое го имаме ние, тоа се да кажеме големи реномирани компании кои доаѓаат, носат технологија, отвораат работни места, повторно кажувам, освен северниот сосед останатите земји во регионот не би можел да кажам дека се на ниво на Северна Македонија.
Ги спомнавте преговорите со ЕУ. Владата најавуваше дека влезот во НАТО ќе донесе големи странски инвестиции. Во НАТО влеговме, но нивото на странски инвестиции е на ист ранг како и претходно, претпоставувам дека недостига нешто друго? На што најмногу се жалат инвеститорите во земјава?
Членството на НАТО дојде во еден сложен глобален период, тоа беше пандемијата, така што она што го споменав и претходно, очекувам, односно веќе има, ние минатата 2021 година го завршивме со ниво над, близу 200 милиони евра постигнати нови договори со странски инвеститори, а притоа имаме уште дополнителни 300 милиони евра проекти, односни инвестиции за кои сме веќе од одмината фаза на разговори, тоа значи дека инвеститорите веќе доставиле свој деловен план, писмо за намери, тоа значи дека наши очекување некаде до средината на годината за поголем дел од нив веќе да имаме комплетирано процедури и постигнат договор. Ако го споредиме тоа со периодот 2010 - 2020, направивме една голема анализа, покажува дека само за 12 до 18 месеци сме стигнале скоро до половина од нивото на инвестиции колку што биле вкупно реализирани за изминатата декада, тоа значи дека членството во НАТО има свое сериозно влијание, дополнително на тоа, она што го споменав, новиот пристап на поттикнување на инвеститори, кој што се базира на анализа на она што инвеститорите го нудат и врз база на проценката на тоа што го нудат инвеститорите се обидуваме да излеземе во пресрет и на нивните очекувања.
Додека вашата партија беше во опозиција ја критикуваше тогашната влада дека странските инвестиции многу ја чинат државата, а користа од нив е многу мала. Колку сега ја чинат државата странските инвестиции?
Анализата којашто ја направивме за изминатата декада, за периодот 2010 – 2020 година, за ефектите на странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони, да се фокусираме на тој сегмент само, покажа дека не сме биле многу далеку од вистината. Зошто е тоа така? Поради тоа што сме имале еден систем во кој некритички се пристапувало кон широк круг на компании, не секогаш се водело сметка дали инвеститорот и компанијата имаат доволно квалитет и во принцип имаме ситуација кога се поттикнувале и се давале финансиски средства за инвестиции коишто реално имаат многу мала додадена вредност. Поради тоа имавме ситуација, којашто очекувам дека оваа година е променета, меѓутоа до минатата година беше таква, платите во ТИРЗ-овите во просек да се пониски од платите во националната економија, иако компаниите во зоните уживаат многу повеќе бенефиции од компаниите коишто оперираат надвор од нив. Тоа го констатиравме пред една година и рековме ќе сториме сè за тоа да се промени. Така што кога зборуваме за цена на чинење може да зборуваме за тоа колку државата апсолутно исплаќа, меѓутоа мене ме интересира и колку компаниите плаќаат назад. Ќе ви кажам уште еден податок, дека во 2020 година, податоците за 2021 година уште не се готови, ги чекаме годишните сметки, меѓутоа во 2020 година, компаниите коишто оперираат во зоните нето уплатиле во државниот буџет, по основ на придонеси и останати давачки некаде околу 40 милиони евра, што е драстично различна ситуација во однос на бројките коишто ги имавме во 2016 година кога нето уплатите биле по неколку милиони евра.
Целото интервју со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски може да го погледнете на видеоснимката на почетокот на овој текст.