Ден по нападот - Цвеќе за жртвите пред белградското училиште
Луѓето носат цвеќе за настраданите пред основното училиште „Владимир Рибникар“ во центарот на Белград на 4 мај. Оваа образовна институција ден претходно беше место на напад. Тринаесетгодишен ученик пукал и убил осум деца и еден чувар, а ранил шест ученици и еден наставник.

1
Собир пред местото на нападот - ОУ „Владимир Рибникар“ во центарот на Белград.

2
Нападот се случил откако учениците се вратиле на училиште по првомајските празници.

3
Според полицијата, осомничениот ученик К.К.(13) на 3 мај околу 08.40 часот при доаѓањето на училиште веднаш извадил пиштол од чантата и пукал во обезбедувањето. После тоа пукал во три ученички кои случајно се нашле во близина. Потоа продолжил низ ходникот до канцеларијата за историја, ја заменил рамката со муниција и откако влегол во училницата отворил оган врз наставничката и учениците. Потоа ја напуштил училницата и отишол во училишниот двор, каде што ја испуштил рамката од пиштолот и повикал полиција. Уапсен е во училишниот двор.

4
Во нападот биле употребени два пиштола - еден со калибар од девет милиметри со три куршуми и еден малокалибарски пиштол.