Достапни линкови

„Да ти е мерак да гледаш фудбал“ - вие коментирате


Македонската фудбалска репрезентација го совлада Исланд со 3 - 1 на арената Тоше Проевски во Скопје на 14 ноември 2021 и избори пласман во бараж за Светското првенство во Катар во 2022 година
Македонската фудбалска репрезентација го совлада Исланд со 3 - 1 на арената Тоше Проевски во Скопје на 14 ноември 2021 и избори пласман во бараж за Светското првенство во Катар во 2022 година

„Само напред момчиња, нека дознае целиот свет дека ве грее македонското сонце“ - Победата врз Исланд, изборите во Бугарија и неделното интервју со др Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија во фокусот на вашите коментари на социјалните мрежи на РСЕ

Пријатно е кога човек малку ќе се оддалечи од политиката и ќе се порадува на спортските успеси на македонските спортисти, во случајов на нашите фудбалери. Со победата од 3:1 на Исланд, во неделата вечер, македонската фудбалска репрезентација избори пласман во баражот за Светското првенство во 2022 година во Катар. На нашата ФБ страница многу реакции со гифови „браво“ и „ракоплескање“, а Слободан Тодоровски ги бодри нашите фудбалери: „Само напред момчиња, нека дознае целиот свет дека ве грее македонското сонце“. Во последно време мошне активниот Блажо Хогар Страшниот со оценка: „Одличен фудбал, одлична репрезентација, да ти е мерак да гледаш. Браво за сите, посебно за Милевски за офанзинвната тактика“. Но, Бејто Хајрулахи Бејто не ја заборавил политиката: „Само малерот Зајко да не ги испрати за Катар, иначе маф ни е работата“.

Моја порака - И девојчињата играат фудбал

„Фудбалот не е само машки спорт!“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:13 0:00

Враќањето на политиката како да е неминовно кај нас. Беа локални избори, а во Дебар имаше повторен втор круг, победи кандидатот за градоначалник од ДУИ, поддржан од СДСМ, Хекуран Дука. Енис Шакири постирал гиф со ракоплескање, но Велко Апостолов не верува па смета: „Лажааат, наместиле“. Има ваши реакции и на неносењето маски на синоќешното славење во Дебар. Валентина Глигорова забележува: „Таму нема корона“, а Тоше Цветковски прашува: „Кај е Филипче корона“. Јана М Неделковска му појаснува: „Тој забранува само домашни слави – овие се нивни политички, дозволено им е“.

Кога сме кај короната, неделното интервју на РСЕ е со др Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија. Тој смета дека рестриктивните мерки даваат повеќе резултат, а оние невакцинираните задолжително да се тестираат на свој трошок.

Петличковски – Вакцините функционираат одлично, но има малку вакцинирани
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:19 0:00

Посетителите на ФБ страницата најмногу реагираат на последново, па Сашко Николовски прашува: „А, пари што ни зема Фондот за здравство секој месец принудно со закон, тие пари кај одат?“ И Ивена Илиевска на истата линија: „Како можеш да оправдуваш тестирањето и лекувањето да бидат на оној кој не се вакцинирал, невакцинираните граѓани не се граѓани од втор ред и тие плаќаат здравствено осигурување“.

И во Бугарија имаше избори, победи коалицијата „Промената продолжува“, а нејзиниот копретседател Кирил Петков во интервју за домашната БНТ коментира дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Работни групи кои нема да разговараат само за историјата, туку и за сѐ што може да ги поправи добрососедските односи меѓу двете земји, бизнисот, културата и образованието. Оваа информација како да внесува оптимизам кај граѓаните што ја следат РСЕ, па Џемал Џафероски постирал: „Добро дојде мили човеку, Господ му поможел да искочува на виделина, народ сака човек правилен...“ И Златко Горгиовски се согласува со Петков: „Абре кои историчари, сите што ги наброја: бизнисмени, културни работници, само без историја за подобар Балкан и братски живот. Историјата оставете во ја државните граници, па ако сакате и Исус Христос правете си го Бугарин, или ние Македонец, историјата само КОЧИ“, завршува Горгиевски. Иако, Румен Радев кој се тркаше за втор мандат за претседател на државата, опстојува на своите ставови, дека почетокот на преговорите зависи од Македонија, а не од следната бугарска Влада. Станојче Ристов бара: „Признавање на Македонците и правата нивни во Бугарија“. Анна Јакимова, пак, прашува: „За кое културно наследство зборуваш? Фашизмот и окупацијата? Баба ми го памтеше бугарското време како најлошо во нејзиниот живот и вие мислите дека сеќавањата се бришат?“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG