15 години независно Косово: спорот со Белград го кочи развојот
И по 15 години од независноста, тензиите меѓу српското малцинство од северно Косово и косовската полиција ги одвраќаат странските инвеститори. Тие го сметаат Косово за опасен регион во кој не сакаат да ги вложат своите пари, велат косовски бизнисмени и ја повикуваат владата да го реши овој проблем.